Детектор: Граѓаните го подржуваат Договорот со Бугарија, ама не го даваат Гоце Делчев

Безмалку 40% од граѓаните го поддржуваат Договорот за добрососедство меѓу Македонија и
Бугарија, покажува последното истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го
спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС). Треба да се има предвид дека анкетата е спроведена на почетокот на месецов, односно уште пред Бугарија да го испорача својот последен сет услови во рамките на т.н. „Рамковна позиција“ што се очекува дополнително да влијае на резултатите.

Според него, поддршка на Договорот со официјална Софија даваат 39,6% од анкетираните
додека 31,2% се противат. 13,7% од граѓаните велат дека не слушнале за Договорот,
додека 15,6% немаат одговор. Во споредба со анкетата која по нарачка на Детектор, ИПИС ја спроведе во февруари годинава, се бележи намалување и на поддршката и на противниците, за сметка на бројот на индиферентни граѓани кои или не слушнале за договор или пак немаат одговор.
Па така, од 48,7% колку што давале поддршка во Февруари, сега таа е намалена на 39,6%, а
противниците од 36% во февруари исто така се спуштиле на 31,2% во последното
истражување на јавното мислење.

41,9% од анкетираните очекуваат Договорот да ги унапреди односите со Бугарија. 28,5% се
убедени во противното додека 29,7% од анкетираните немаат одговор на ова прашање.
Во споредба со претходната анкета спроведена во февруари, има значително намалување на
бројот на граѓани кои очекуваат унапредување на односите меѓу двете земји по склучувањето на
Договорот. Имено, во Февруари 55,4% од граѓаните очекувале унапредување на односите,
наспроти 26,2% кои биле убедени во спротивното, а 18,4% немале одговор.
41% од граѓаните очекуваат Договорот со Бугарија да придонесе во македонските ЕУ интеграции.
27,5% не очекуваат придонес додека 31,6% немаат одговор.
Во врска со компромисите кои мораше да се направат за да биде склучен Договорот за
добрососедство граѓаните најмногу се противат на ревизијата на учебниците. 49% од
анкетираните сметаат дека овој компромис е неприфатлив, што е зголемување за речиси 3
процентни поени во однос на февруарската анкета кога против овој компромис беа 46,1% од
анкетираните.

Наспроти ова, за 24,6% од граѓаните ревизијата на учебниците е прифатлива. Тоа е за 4 процентни
поени помала бројка во однос на онаа од 30,6% анкетирани, колку што се изјасниле дека овој
компромис е прифатлив во февруарската анкета. 26,4% од граѓаните немаат одговор на ова прашање. 46,7% од граѓаните сметаат дека компромисот, Македонија да гарантира дека нема да се залага за правата на Македонското малцинство во Бугарија е неприфатлив, додека 27% од граѓаните се убедени во спротивното, а 26,2% немаат одговор.

Во споредба со истражувањето спроведено во февруари годинава, бројот на граѓани кои сметаат
дека откажувањето од борбата за правата на Македонското малцинство во Бугарија е
неприфатлив компромис се намалил. Во февруари, се противеле 49,1% од анкетираните или
речиси 2,5 процентни поени повеќе од истражувањето спроведено на почетокот на овој месец.
1,5 процентни поени раст бележи и бројот на граѓани кои сметаат дека овој компромис е
прифатлив, ако се има предвид дека во февруари, за овој компромис поддршка давале 25,2% од
анкетираните.

Речи си и да нема промени кога станува збор за ставот на граѓаните во последните 8 месеци околу
заедничката прослава на настани и личности со соседна Бугарија. И во Февруари и сега, за околу 41,5% од граѓаните овој компромис останува неприфатлив. Благо намалување за 3,5 процентни поени бележи бројот на анкетирани за кои овој компромис е прифатлив. Од 36,1% во февруари бројот на граѓани кои се подготвени да го прифатат компромисот паднал на 32,5%. 25,9% од анкетираните останаа без одговор.
Речиси една третина од граѓаните според анкетата на ИПИС имаат донекаде позитивно мислење
за соседна Бугарија. За ваков одговор се определиле 30,3% од анкетираните. 22,3% имаат
позитивно мислење, 18,6% донекаде негативно а 15,5% негативно лично мислење за источниот
сосед.
Во споредба со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во Февруари, нема значителни
промени во личните ставови на граѓаните.

Пред 8 месеци, 29,9% имале позитивно лично мислење, 28,9% донекаде позитивно, 16,4%
донекаде негативно и 16,2% негативно лично мислење за Бугарија.

Три четвртини од граѓаните сметаат дека Гоце Делчев е Македонец. Точно 75% од анкетираните
имаат ваков став. 4,6% од анкетираните сметаат дека тој е етнички Бугарин, додека 4,9% имаат
мислење дека тој е и Македонец и Бугарин. 15,5% од анкетираните не одговориле на ова
прашање.

60,1% од анкетираните според анкетата на Детектор не би се согласиле Гоце Делчев да биде
претставен и да се слави како национален херој и на Македонија и на Бугарија. 23,7% немаат
ништо против заедничко славење, додека 16,2% немаат одговор.
58% не се согласуваат Делчев да се слави и претставува како херој и на двете земји дури и по цена
за тоа земјава да добие поддршка од Бугарија во процесот на ЕУ интеграција. 27,9% би дале
согласност додека 14,1% од анкетираните немаат одговор.
39% од граѓаните сметаат дека без договор на македонско – бугарската комисија за историски и
образовни прашања Бугарија нема да го поддржи процесот на интеграција на земјава во
Европската Унија. 30% очекуваат поддршка додека 31% од анкетираните не го знаат одговорот на
ова прашање.

Мнозинството граѓани гледано од денешен аспект, сметаат дека Договорот со Бугарија треба да
остане. Ваков став имаат 38,3% од анкетираните. Наспроти нив, 32,8% сметаат дека Договорот
треба да се поништи додека 28,8% немаат одговор.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена во периодот од 4 до 7
октомври, годинава, врз репрезентативен примерок од 1106 испитаници, со маргина на грешка од
плус – минус 3%.

Треба да знаете
Последни објави