Кокаинот е се почист и поевтин, покажува нова европска студија. Само во Лондон секој ден се троши околу 23 килограми прва класа кокаин. Уличната вредност е 2,75 милиони фунти. Од 15 градови во кои се конзумира најмногу кокаинот по глава на жители, дури пет се во Швајцарија.
Анализата на потрошувачката на кокаинот по глава на жител, покажала деја најмногу оваа дрога се користи во Бристол. Следат Амстердам, Цирих и Лондон.
Од 15 градови кои се нашле на врвот на потрошувачите по глава на жител, дури пет се во Швајцарија – Цирих, Сент Гален, Женева, Базел и Берн.
Ако се анализира вкупната просечна потрошувачка, најмногу се троши во Лондон (23 килограми), што е и очекувано со оглед на бројот на жители. Тоа значи дека во Лондон секој ден циркулираат 567.445 дози кокаин, кој вреди околу 2,75 милиони фунти. Според вкупната дневна потрошувачка, по Лондон следат Барселона (12,74 килограми), Амстердам (4,62 килограми) о Берлин ( 4,62 килограми).
Оваа количина подразбира употреба на чист кокаин и не вклучува анестетици како пидокаин и бензокаин, супстанци кои се мешаат со првокласната дрога.