Мицкоски: Завршува арамилукот, срамот, неправдите и назадувањето донесено од Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба изјави дека имале плодна и квалитетна дебата во првиот дел  сите  учесници ги реафирмираа ставовите дека остануваме посветени на евроатланската интеграција на Република Македонија, членството во НАТО Алијансата и работењето понатаму во  иднина за добивање дата за отпочнување на преговори со ЕУ.

-Тука не постоеше дилема кај никој од учесниците и мислам дека друга алтернатива за Република Македонија и не постои практично и мислам дека тоа на новинарите им беше кажано  од страна на претседателот на државата. Во вториот дел разговаравме за предвремените парламентарни избори коишто се неминовност после ова што се случуваше, а тоа е нели оној дебакал којшто  го доживеа владата предводена од  Зоран Заев и СДСМ. Практично поразени се арамилукот, поразени се неправдите, поразени се сите оние криминални афери коишто се случуваат во изминатиот период . Следуваат предвремени парламентарни избори. На тие предвремени парламентарни избори победува обновата  на Македонија, а потоа засукување на ракави и безкомппромисна работа  секој ден  за да можеме да го постигнеме сето она коешто е изгубено во овој  период и Македонија  да ја ставиме на брза лента  за да стане дел од европското семејство, рече Мицксоки.

,,Завршува арамилукот, срамот, неправдите и назадувањето донесено од Зоран Заев и оваа влада, напиша Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

Од 3 јануари техничка влада, на 12 април избори. Иако се тешки времиња изборот никогаш не бил појасен. Сите заедно одиме на голема победа која ќе ја донесе обновата на Македонија. За Македонија!“- напиша  Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1353011534874302

Треба да знаете
Последни објави