Жозе Мурињо одново имаше чест да коментира едно големо дерби на „Олд Трафорд“, а ако во првото коло му донесе среќа на својот поранешен клуб во пресметката со Челси, сега беше сведок на уште едно храбро издание на „ѓаволите“, со тоа што домашниот тим сега мораше да се задоволи само со реми во пресметката со Ливерпул.
Навивач плус во студиото на „Скај Спортс“ беше и Жозе Мурињо, кој откако им подели бакнежи на навивачите кои беа во негова близина на трибината, даде и завршна анализа со која порача дека Солскјер треба да биде презадоволен од изданието на неговите играчи.
– Оле и играчите на Јунајтед ќе бидат разочарани откако ова фантастично издание беше расипано со една грешка и со губење на два бода. Побарав да играат со срце, а тие направија повеќе од тоа. Тие се држеа до планот и одиграа онака како што треба. Ако бев на местото на Оле, ќе бев горд и фрустриран за резултатот бидејќи момците оставија се на теренот, – порача Мурињо.
https://twitter.com/utdxtra/status/1185974865817489413