Најмалку девет лица загинаа при престрелка помеѓу припадниците на пакистанската и индиската армија во спорната хималајска област Кашмир.
Индиската војска соопшти дека на мета на пакистанските војници биле индиски граничен пункт и цивилните области долж милитаризираната граница во Кашмир и дека загинале двајца индиски војници и еден цивил.
Портпаролот на индиската армија Раџеш Кали наведе дека се повредени уште три цивили во „неипровоцираното” кршење на Договорот за прекин на огнот од 2003 година помеѓу Индија и Пакистан.
Додека пакистанската армија соопшти дека во „неипровоцираното кршење на Договорот за прекин на огнот” индиските војници убиле петмина цивили и еден војник, а уште три цивили и двајца војници се повредени.