Милан одигра 2-2 на Сан Сиро против Лече, ова беше прв натпревар за Стефано Пиоли на клупата на росонерите.
Чалханоглу можеби го одигра најдобриот меч за Милан откако е дојден во клубот, но тој ќе беше во центарот на вниманието доколку росонерите извојуваа победа. Лече со гол во судиското продолжение си замина со бод.
Резултатот беше отворен во 20. минута со одличен гол од странична позиција на Чалханоглу.
По 15 минути игра во второто полувреме поради игра со рака судијата покажа пенал за Лече. Донарума најпрво го одбрани ударот на Бабакар, но одбиената топка повторно дојде до гостинскиот фудбалер кој погоди за 1-1.
Во 81. минута прекрасен пробив и асистенција на Чалханоглу до Пјонтек кој конечно реализираше и го врати водството на Милан.
Кога сите мислеа дека Милан ќе ги освои трите бода, Калдерони постигна прекрасен гол од далечина во 92. минута и ги постави конечните 2-2.