„Црвените ѓаволи“ имаа предност од 1-0 до 85. минута, но Ливерпул потоа успеа да освои бод, а по мечот Јирген Клоп го критикуваше ВАР-системот поради голот на Јунајтед.
Од друга страна, Солшер смета дека немало никаков прекршок во нивната акција.
-Нема шанси, тоа не беше прекршок. Па, не играме кошарка за да се суди таков прекршок. Имаше мал контакт, но не доволен за прекршок. Тоа е сосема јасно и кога ќе се прегледаат снимките јасно се гледа. Мислам дека немаше прекршок и дека судијата Еткинсон беше максимално коректен за овој меч. Заслужува пофалби за арбитражата. Остави дебито да биде вистинско дерби, изјави Солскјер.