На 19.10.2019 во 18 часот на регионалниот пат во село Неготино, гостиварско, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(19) и трактор „ИМТ 533“, што го управувал Н.Ј.(40), и двајцата од селото.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Ј., кој бил пренесен во Медицински центар Гостивар за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Гостивар.