Британскиот премиер Борис Џонсон и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган сакаат да се сретнат со германските и француските лидери за да разговараат за воената операција на Турција во северна Сирија.
Кабинетот на Џонсон соопшти дека британскиот премиер и Ердоган „се согласиле да побараат можност да се сретнат со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел за да разговараат за актуелната состојба, но и за миграцијата и борбата против тероризмот”.
Џонсон го опиша договорот за прекин на огнот, со посредство на САД, како „чекор во вистинската насока”.
Сепак, тој истакна дека сè уште има голема загриженост поради воената операција на Турција во североисточна Сирија.
Прекинот на огнот стапи на сила во четвртокот вечер за да можат Курдите да се повлечат од североисточна Сирија и треба да трае пет дена, до вторник.