Предвремени парламентарни избори ќе се одржат на 12 април 2020 година.
Заев соопшти дека неговиот предлог бил избори да се одржат кон крајот на декември оваа година. На тоа, според премиерот, реагирале од ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека така техничката влада ќе нема мандат од 100 дена.
Потоа дебатата продолжила со разгледување на термини во март и април за на крај да се падне договор за 12 април. Мандатот на техничката влада ќе почне на 3 јануари, сто дена пред датумот на изборите.
На крајот постигната е согласност за 12 април. Лидерите на политичките партии се согласија дека наредната година треба да се спроведе и пописот, но по завршување на предвремените парламентарни избори.