Скопски таксист бил ограбен ноќеска во скопско Батинци, информираше МВР.
-На 20.10.2019 околу 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Батинци, скопско, во близина на угостителски објект на ул.„1“, на Е.Х.(39) од Скопје, таксист, со закана му биле одземени пари од две лица кои ги превезувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, рекоа од полицијата.