Бочварски: Браната на Отиња ќе го направи Штип атрактивно туристичко место

Благој Бочварски градоначалникот на Штип за 24 инфо вели дека резултатите од макотрпната и ефективна работа изминатите две години се и повеќе од видливи. Еден од клучните капитални проекти во кои заеднички се впуштиле со Владата на Република Северна Македонија е изградбата на брана на река Отиња. Бочварски вели дека ова е повеќедецениски сон на сите штипјани и е проект од огромно значење затоа што улицата која поминува преку трупот на браната ќе ги поврзе двете спортски локации, Суитлак и игралиштето во Блок 2000.

Две години откако сте на функцијата градоначалник. Што беше планирано за овој период, а што е остварено?

-Како градоначалник на Општина Штип уште на самиот почеток на мандатот одговорноста ја сфатив сериозно и заедно со мојот тим во изминатите две години како локална власт работевме напорно за да добиеме поквалитетен и повисок стандард на живеење овде, во нашата средина. Резултатите од макотрпната и ефективна работа изминатите две години се и повеќе од видливи. о овие две години изградени, реконструирани и во фаза на реализација се околу 16 километри улици и патишта, со што значајно ја подобруваме патната инфраструктура во градот. Покрај надземната, инвестираме и во подземната инфраструктура, во овие две години изградени се над 10 километри водоводна и канализациона линија. Капиталните проекти и ветувања во овие две години беа на врвот на агендата во нашето работење. Изградивме платформа на река Отиња со што се обезбедени 40 нови паркинг места во централното градско подрачје,во финална фаза е изградбата на нова детска градинка со капацитет за 200 дечиња, со што Штип станува првата Општина која го решава проблемот со сместувачки капацитет на градинките, изградивме водоводна линија во населба Балканска, па сега жителите на оваа населба конечно ќе пијат чиста вода за пиење. Исто така ја намаливме цената на вода за пиење за 10%, ја укинавме наплатата на паркинг во населба Автокоманда, го реконструиравме игралиштето во населба Блок 70 и изградивме и реконструиравме околу 11.000 метри квадратни тротоари и инфраструктура за пешаци. Сега се работи на гасификација на општината, а заедно со Влада на Република Северна Македонија работиме на остварување на деценискиот сон на штипјани – изградба на брана на река Отиња. Доуредување на корито на река Отиња, изградба на кружен тек и се работи на нов мост за река Брегалница и поставени се 10 активни зони за вежбање на повеќе локации во градот. Има бесплатен престој на деца на самохрани родители во детските градинки и Штип доби нов лик на влезот во градот со ново осветлување, тротоар и хортикултурно уредување, а ќе добие Спортско-рекреативен центар Суитлак

Каква е соработката со централната власт?

-Со Влада на Република Северна Македонија имаме длабока, интензивна, плодна и ефективна соработка. Заедно се вклучуваме во многу проекти кои се од интерес на сите наши граѓани. Еден од клучните капитални проекти во кои заеднички се впуштаме со Влада на Република Северна Македонија е изградбата на брана на река Отиња. Ова е повеќедецениски сон на сите штипјани и е проект од огромно значење. Оваа брана е особено значајна за растот и развојот на Штип. Оваа брана ќе направи од Штип атрактивно туристичко место, но и ќе создаде значаен простор за спорт и рекреација на населението, затоа што улицата која поминува преку трупот на браната ќе ги поврзе двете спортски локации, Суитлак и игралиштето во Блок 2000. Оваа брана ќе го заштити градот од поплави, ќе ги намали високите летни температури, но и ќе ги зголеми зимските температури, ќе создаде биолошки минимум во коритото на р.Отиња, ќе се користи за наводнување на зелени површини и многу други придобивки. Во втора фаза веднаш после изградбата ќе ја разработуваме и можноста за овој објект да произведува електрична енергија, а со тоа да стане и самоодржлив. (чекам потврда од ГИМ за оваа работа) . Очекувам дека оваа брана ќе биде една од развојните компоненти на Штип во наредните години. Затоа можам да го поздравам потегот на  премиерот Заев, затоа што има слух за потребите и барањата на Штип и штипјани, затоа што дава поддршка за изградба на најважниот проект за мојот град. Штипјани ќе знаат да го ценат овој потег на оваа политичка гарнитура!

Колку новите обврски ви оставаат простор за приватниот живот? 

-Со добро менаџирање на времето, може да се постигне сѐ.

Што им ветувате на граѓаните за следниот период и дали ќе се кандидирате на следните избори?

-Во следниот период штипјани ќе бидат сведоци на комплетирање на предизборните ветувања, од кои голем дел се реализираат. Цврство верувам дека реализирањето на мојата програма ќе обезбеди создавање нова слика за Штип како напреден, развоен и посакуван економски, образовен и бизнис центар со задоволни и среќни граѓани. Во овој момент сум целосно фокусиран на реализацијата на мојот план за развој на Штип во еден вистински центар на истокот и репер за успешна Општина во нашата држава. Затоа за мене е многу поважно да ги остварам поставените цели за мојот град.

Валентина Ангеловска

 

 

Треба да знаете
Последни објави