(Видео) Курдите ги испратиле американските војници гаѓајќи ги со компири

Жителите на Камишли ги гаѓале американските војници со компири додека поминувале низ сирискиот град каде што живеат главно Курди.

Според АП, американските војници, најверојатно, минувале таму кога се повлекувале од Сирија.

Во видеото објавено од страна на курдската новинска агенција, се гледа конвој на оклопни возила што минуваат низ Камишли додека налутените жители ги попрскаат со компири, викајќи на англиски јазик „Не Америка“ и „Америка е лажливец“.

„Ројтерс“ претходно извести дека американските трупи влегле од Сирија во Ирак преку граничниот премин Сахел во провинцијата Дохук.

На снимките на агенцијата се прикажани повеќе од 100 оклопни возила кои превезуваат војници во Ирак и се повлекуваат од Сирија.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави во саботата дека сите 1.000 војници ќе бидат распоредени на западниот дел на Ирак за да продолжат со борбата против Исламската држава и „да помогнат во одбраната на Ирак“.

На 7 октомври американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги повлече американските трупи од североисточна Сирија, по што започна турска офанзива во областа.

Треба да знаете
Последни објави