Се одложи првото рочиште за случајот во кој е обвинет Миле Јовановски, таткото на Боки 13-ка, дека физички го нападнал неговиот сосед попот Виктор Стојчев. На рочиштето не дојде обвинителката Имран Османи која го застапува попот Стојчев. За случајот ќе сведочи и Боки 13-ка, како и неговата мајка, кои биле сведоци на настанот.
Излегувајќи од судот, Јовановски на новинарско прашање дали навистина го истепал соседот, рече:
– Јас Силвестер Сталоне сум, за една минута да го истепам?