(Видео) Ахмети видно нервозен, разговараше со повишен тон а неколку пати и удри на масата

Ахмети видно нервозен, разговараше со повишен тон а неколку пати и удри на масата

По завршувањето на лидерската средба во Вила Водно, Претседателот на ДУИ Али Ахмети гостуваше во емисијата Клик Плус на Телевизија 21.

Иако тој најчесто ја избегнува јавноста, во своето гостување изгледаше доста нервозно, разговараше со повишен тон а неколку пати и удри на масата поради тоа што Албанците не биле обединети.

Видно бесен, Ахмети потенцираше дека му е срам да оди на средби со 6 албански партии кога Македонците доаѓаат со 2, една од власта и една од опозицијата.

Срам ми е да одам на средби со 6 различни албански делегации и да се викаме Албанци со образование, со факултет. Каков факултет имаме, какво образование имаме. Срамота е за Албанците 6 албански делегации, а само 2 македонски – една на власта и една на опозицијата. Доаѓа Беса со шестмина, затоа што не се веруваат едниот на другиот. Села со 3-4, Тачи со 2-3, Ахмети со 2-3, Острени со 2-3, ова е срамота. И ми велите дека јас сум ги навредил нив. Најдете ми го најмалиот доказ и ќе се тргнам, нема да ги понижам Албанците, нервозно објаснуваше Ахмети.

 

Треба да знаете
Последни објави