За попладнево (17 ч) во хотелот „Александар Палас“ е закажана прозивката за машката ракометна репрезентација на Македонија која ЕХФ неделата ќе ја искористи да одигра три контролни натпревари. Селекторот Данило Брестовац по прозивката веднаш со своите 17 избраници ќе лета за Турција, каде во Ескишехир ќе одиграат два контролни натпреаври.
Македонија во турскиот град, утре (17:30 часот по македонско време) ќе се соочи со домаќинот Турција, додека в среда игра контролен меч со Италија од 16 часот.