Денеска (12 часот) во продажба се пуштаат поединечните влезници за два натпревари на македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен првак Вардар за новите домашни предизвици кои му претстојат на патот кон одбранта на титулата во Лигата на шампионите со Мешков Брест и Кјелце. Продажбата на влезниците ќе биде на билетарницата во СЦ „Јане Сандански” и онлајн преку www.ticketplus.mk
Натпреварот Вардар – Мешков е закажан за 3 ноември 2019 година во СЦ „Јане Сандански” (17 часот). Наредниот Вардар – Келце е 9 ноември 2019 година во СЦ „Јане Сандански” (17,30 ч).
Цената на поединечните билетите за еден натпревар со Мешков и или Кјелце се по – 350 денари за на трибина и по 400 денарои за А блок.