Заев: СДСМ наспроти ВМРО-ДПМНЕ води со три отсто во анкетите

Коалиционите партнери на СДСМ се согласни дека мора да продолжи европеизацијата на државата и покрај негативниот исход од Брисел. На вечерашниот состанок на премиерот и лидер на СДСМ во партиското седиште со коалициските партнери, тие ја поддржаа одлуката на 12 април да се одржат предвремените парламентарни избори.

-СДСМ наспроти ВМРО-ДПМНЕ води со три отсто во анкетите и тоа го објавивме јавно со транспарентни постапки направено и од страна на кредибилни агенции. Крајот на октомври или почетокот на ноември ќе финансираме уште една анкета за да ги измериме рејтинзите сега после одлуката, да видиме како стоиме, рече Заев прашан дали инсистираше на брзи избори затоа што паѓа рејтингот на владејачката партија.

Заев по состанокот изјави дека верува оти ќе добие чист мандат и изрази оптимизам дека има доволно време во претстојниот период да се реализираат поголем дел од веќе најавените мерки.

 

https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/1130941000434923/?__xts__%5B0%5D=68.ARCcymkCKv2uHJbFAWP2pPtvx4QzSw5AMp8o0KQ6Df8BvZUKSLOpLDxUzQ9AzL53ITGSgy_7CmZCoqKVIukjtfUiEC1W8JURqSBgBf1H4p8ypGE7jqHFRr2BzK3UT7rI73sLHXsaWhSR-_aWLQBmnZByMvNlK7–9c29nrEIR4AeENWOUI_WaMVvPr0PuzyFnXCHSK9UQWUDNlG0jfyuisbzL8HbM15D–g43CAMYMsZgvdjR4sKLvbEVO7HeH_ndVJR_IiBEPcFnpTsLMRG0Q5nTS5FaUlp50vxmBesgFIMQYZpcn3c31vWxvf1RfSOAaxj1tHJnAyz3aZ_tdgNqr55lbHKLA4AnVicgg&__tn__=-R

 

 

Треба да знаете
Последни објави