Вила уредена во стилот по култната серија, ќе биде достапна за посета на љубителите на хорор жанрот.
По неодамнешната премиера на анимираниот филм „Семејството Адамс“, обожавателите сега имаат можност да ја минат ноќта во вила направена по пример на куќата на познатата фамилија. Вилата е дизајнирана во стилот на Мортиша Адамс, а посетителите ќе можат да видат многу препознатливи предмети од познатата играна серија.
ICYMI: @bookingcom Is Giving Fans the Opportunity to Stay in the Addams Family Mansion This Halloween https://t.co/1EmDFnq7Jh #TheAddamsFamily #MeetTheAddams
— Mike | All Hallows Geek (@AllHallowsGeek) October 10, 2019
Вилата стара два века е лоцирана во Бруклин, а фановите на хоророт и семејството Адамс ќе можат да преспијат во куќата од 28 октомври до 1 ноември и така да ја прослават Ноќта на вештерките. Бидејќи вилата има три спални соби, само шестмина најбрзи фанови ќе ја поминат ноќта во „проколнатата куќа“, а за едно ноќевање ќе се наплаќаат по 100 долари.