Панчевски не дојде на судење, не сака да одговара пред велешкиот суд

Не започна судскиот процес во кој е обвинет поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1 Владимир Панчевски. Ниту него, ниту неговите адвокати ги немаше во судницата на Основен суд Велес.

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд не сака да му се суди во Велешкиот суд. Смета дека проблем е што и овој суд е под скопското апелационо подрачје, а токму Панчевски како судија имал соработка со скопскиот апелациски суд. А токму апелација одлучи велешкиот суд да биде надлежен за случајот со злоупотребата на АКМИС системот.

Сега Панчевски испратил жалба токму апелацискиот суд давајќи пример со случајот Јустиција. Кога им се судеше на судии од скопска двојка, надлежноста ја превзема Битолскиот основен суд. Сепак Панчевски во моментов е суспендиран од функцијата поради обвинението за АКМИСОТ и нема предмети во свои раце. Денеска требаше да почне судењето против него, но проблем е и што полицијата не може да го најде Панчевски за да му ја достави поканата.  Следното рочиште е закажано за 18- ти ноември.

Треба да знаете
Последни објави