Тројца фудбалери завршиле во болница по тепачка на натпревар во Цементарница

Тројца фудбалери завршиле во болница по општа тепачка меѓу два скопски нисколигашкиклубови, вчера во Кисела Вода.

Како што дознава 24 Инфо, причина за инцидентот бил опасен старт на домашен играч, кој го предизвикал гневот на гостите. Кога сакал да се извини почнала тепачката во која учествувале и неколку активни и поранешни полицајци.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 15.40 часот на игралиштето кај „Цементара“. Делегат на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Цементарница и ФК Илинден пријавил дека во 35-тата минута од натпреварот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу играчите на двете екипи, по што натпреварот бил прекинат.

На играчите од гостинската екипа Н.Ѓ.(23) од населба Бутел, Ј.Ц.(24) од населба Илинден и А.М.(34) од населба Илинден им била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави