Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет (МОК) потсети на барањето кое го имаат поднесено 26 спортски федерации за промени во највисокиот спортски орган во земјава. По тој повод денеска одржа прес-конференција на која барањата на одборот ги презентира Александра Војнеска од Атлетската федерација на Македонија (АФМ). Иницијаторите за промени бараат одржување Вонредно собрание на кое ќе се изврши промена на членот 10 од Статутот во согласно со олимписката повелба.
-Бараме и во МОК да биде како што е во сите други национални омимписки комитети. Вп Собранието на МОК мнозинството гласови да бидат на националните спортски федерации од олимписките спортови. Иницијативниот одбор за уредување на односите во олимпискиот спорт на 27 септември покрена иницијатива за одржување на легитимно вонредно собрание. Го замоливме првиот човек на МОК, Васил Тупурковски да го испочитува нашето барање и тоа во рок од 30 дена. Доколку МОК не го стори тоа Иницијативниот одбор е подготвен да ги искорсити сите можности да закаже и одржаи вонредно собрание до крајот на овој месец – соопшти Војнеска.
Собранието на МОК брои 120 делегати со право на глас, од кои само 26 се од федерациите од олимписките спортови, што, според ИО за промени, е спротивно од олимписката повелба.