Samsung Mobile испрати порака до своите корисници за безбедноста на скенерот за отпечатоци
на моделите Samsung Galaxy S10 и на Galaxy Note 10, како и кај други модели кои имаат ултра соничен сензор, а беше евидентиран пропуст.
Проблемот е во отклучувањето на екранот без авторизација. Причина се силиконски додатоци за заштита на екранот кои го прават скенерот ранлив, не ги регистрира отпечатоците и се отклучува екранот без авторизација.
Samsung препорачува да не се нанесуваат ваков вид на силиконски заштити. Во софтверската
надградба нема да им биде овозможено на корисниците да регистрираат отпечатоци од прсти
доколку екранот има ваков вид на налепена обвивка. Пепораката е целосно да се избришат сите отпечатоци од прсти и да се скенират нови.