Во Дубровник утрово се случи голем грабеж кога вооружени лица украле пари кои ги пренесувале чуварите од аеродромот. Околу 7 часот и 30 минути, двајца мажи на мотори ги пресретнале луѓето кои ги обезбедувале парите од викендот.
Како што пренесува Дубровнички дневник, станува збор за пари од аеродромскиот Фри шоп.
Дубровничко-неретванската полициска управа го потврди настанот, напоменувајќи дека е во тек увид. На овој случај работат речиси сите полицајци од Полициската управа, а на аеродромот има засилено обезбедување.