Група од околу десет лица нападнале двајца американски војници во саботата навечер, станува збор за хомосексуалци со темна кожа кои се забавувале во ноќен клуб во Задар, Хрватска.
Двајцата американски војници не криеле дека се хомосексуалци, а еден од нив го опишал нападот во видео кое го објавил на својот инстаграм-профил.
Тој им порачал на сите дека не стигнува да одговори на пораките, но дека е добро. А за самиот инцидент тој вели дека „се бореле за живот“.
„Околу 10 мажи нè нападнаа. Во еден момент, некој ме држеше, а тројца ме удираа. Ја изгубив свеста“, раскажал тој, пренесува порталот „Индекс“.
Задарската полиција соопшти дека настанот бил класифициран како прекршок.
„По пристигнувањето, полицајците откриле двајца државјани на САД, на возраст од 24 и 25 години, кои биле повредени и пренесени во болница“, соопшти полицијата, додавајќи дека во тек е истрага за инцидентот.