Не започна судскиот процес во кој е обвинет поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1 Владимир Панчевски. Ниту него, ниту неговите адвокати денеска ги немаше во судницата на Основен суд Велес.
– Немам примено покана, ниту обвинение немам причина да не се јавам пред судот, очигледно е дека се работи за прогон на политиката на власт врз мене како судија бидејки за обвинителен предлог до сега не чуено е да се праќа полиција за обезбедување присуство на прво рочиште за кое дознавам од медиумите. Сега дознав дека судењето е одложено за 18-ти ноември но тоа од медиуми што не се смета за законска и уредна достава. Судот Велес е определен незаконски и спротивно на праксата на Врховниот суд, кога дознав и за денешното рочиште од медиуми пратив барање до судот во Велес да ја преиспита својата надлежност за што е доставена и судска пракса на Врховниот суд во вакви случаи. Праќањето на полиција за прво рочиште ја отсликува реалноста на прогонот и инструираната судска постапка единствено нешто што барам е својата одбрана да ја дадам пред независен и непристрасен суд. Денес и вчера се објавија многу невистини и лажни ексклузивности кои потекнуваат токму од судијата кој го води предметот во Велес, доколку судијата била доблесна ќе ја известела јавноста дека сме генерација од факултет сме имале дружби, а контактите продолжиле и како судии и по семинари во земјата и во странство за што има и фотографии. Со уреден прием на покана за следното рочиште ке започне и судењето за кое гледам јавноста е жестоко заинтересирана, вели Панчевски за Фокус.