Либиската полиција на Медитеранскиот брег пресретна 126 мигранти кои се движеле кон Европа, наведе денеска во соопштение портпаролот на полицијата, Ајуб Гасим.
Во соопштението се наведува дека гумен чамец, во кој имало 118 мажи, четири жени и четири деца, бил запрен во неделата во близина на градот Гарабули, 60 километри источно од главниот град Триполи.
Гасим додаде дека мигрантите, идентификувани како Африканци, се вратени на брегот и дека ќе бидат упатени во прифатен центар во Триполи.
Либија е главен транзитен центар за бегалци кои од Африка бегаат кон Европа.
Изминатите години ЕУ воспостави партнерство со либиската крајбрежна стража за да ги спречи опасните преминувања кон Средоземно море.