Турската војска денеска соопшти дека внимателно го следи повлекувањето на курдските борци од североисточна Сирија и дека регистрирала дека најмалку 125 возила со борци го напуштиле подрачјето.
Војската наведува дека регистрирала и 36 прекршувања на петдневното примирје, воспоставено со посредување на САД.
Турција најави продолжување на офанзивата доколку курдските борци до утре вечер не ја напуштат пограничната зона, кога всушност завршува примирјето.
Американската Влада посредуваше во постигнување на примирјето по жестоките критики дома и во странство дека ја овозможи турската офанзива со повлекувањето на американските војници од североисточна Сирија.