Сирискиот претседател Башар Асад го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „крадец“ при својата прва посета на областите во провинцијата Идлиб кои неодамна се вратија под сириска контрола.
Сириските државни медиуми објавија дека Асад бил меѓу сириските војници на територијата на Идлиб.
Асад го нарече Ердоган „крадец кој ограбил фабрики, пченица и нафта и сега краде територија“, најверојатно мислејќи на турската воена офанзива во североисточна Сирија, пренесува АП.