Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека предвремените избори ќе влијаат на економијата, но најавува дека Влада ќе почне активно да работи на забрзување на реализацијата на проектите.
-Северна Македонија се покажа дека речиси ги исполнила сите услови на ЕК и дека во економијата имавме големо унапредување и очекуваме така да продолжи. И ММФ предвиде поголем раст, предвремените избори секако ќе имаат влијание, имајќи го предвид и изборниот закон во текот на кампања, но како сериозна Влада од следната недела, односно од денеска ќе ги забрзаме сите постапки за да не бидат оставени нереализирани проектите, изјави Бектеши.