Браун за 115 милиони долари следните четири години во Бостон

Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејлен Браун, потпиша нов договор со клубот, објави инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Според него, договорот е дизајниран на четири години, за што тој ќе добие 115 милиони долари.

Во последната НБА сезона, Браун имаше просек од 13 поени по натпревар, со 4,2 скока и 1,4 асистенција.

Треба да знаете
Последни објави