Миро Церар: ЕУ падна на балканското прашање

Словенечкиот министер за надворешни работи, Миро Церар, рече дека брегзит го покажал единството на Унијата околу малата земја членка Ирска, но дека ЕУ „паднала“ на балканското прашање кога не можела да се договори да ги отвори разговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија.

„Има некои позитивни ефекти во делот на Европската Унија во врска со брегзит, затоа што, на некој начин, го одржавме нашето единство за време на овој процес. Покажавме дека сме во состојба да застанеме зад една мала земја, Ирска, да ги заштитиме нејзините интереси “, рече Миро Церар за АП. Церар предупреди дека одлуката на ЕУ да не ги отвори преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија испраќа негативен сигнал до нестабилниот Западен Балкан. „Верувам дека ова одложување и неуспехот да се донесе одлука беше историска грешка“, рече словенечкиот министер за надворешни работи. Словенија влезе во ЕУ во 2004 година.

Треба да знаете
Последни објави