Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На магистралниот пат А1, делница Демир Капија-Смоквица, поради изведба на осветлување и сигнализација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2, ќе има времена измена на режимот на сообраќајот. Сообраќајните знаци за изменет режим на сообраќајот се поставени од 17.10.2019 година, а предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци.
Доо ПРО – ГЕО известува дека согласно на одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски,со број 11-уп-127/4 од 07.10.2019 год. на автопат А1, А2 и А4, делница Миладиновци – Петровец – Хиподром – Миладиновци, почнувајќи од ден 12.10.2019 год. ќе се вршат геодетски мерења согласно добиеното одобрение. Геодетските мерења ќе се вршат секој ден од 07.00 до 18.00 часот почнувајќи од 12.10.2019 год. до 07.11.2019 год.
Од 09.10.2019 (среда) на регионалниот патен правец Р2239 на делницата с. Бродец – с. Танушевци, во периодот од 08:00 ч. – 17:00 ч. се изведуваат градежни работи на пат (асфалтирање) и сообраќајот ќе биде со повремени прекини. Се молат учесниците во сообраќајот на трпеливост и крајна внимателност на оваа делница се до завршување на градежните активности.
На ден 08.10.2019 започнаа градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионален пат Р1306, Мало Коњари, делница Прилеп – Крушево – Сладуево, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Поради изведување на асфалтерски работи на регионалниот пат Р 2344 на делницата нас. Чашка – Голозинци од 08.10.2019, секој работен ден освен во недела од 10:00 до 16:00 часот во наредните 12 дена патот ќе биде затворен за сообраќај.
Виадукт трејд – ДООЕЛ известува дека од 04.10.2019 ќе се започне со изведување градежни активности при рехабилитација на магистрален пат А2, делница Гостивар – Кичево на потег од наплатна станица Гостивар до мост кај с.Здуње во времетраење од 60 (шеесет) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
На регионалниот пат Р-2249 (Мелнички мост – Центар Жупа) делница Брештани – Житинани од 02.10.2019 година поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот повремено (од 20 до 30 минути) ќе биде во прекин. Работите ќе се изведуваат од 09:00 до 17:00 часот во наредните 20 дена. На местото на кое ќе се изведуваат градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Oд 17.09.2019 година Фабрика Карпош – АД Скопје известува дека поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци.
Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Демир Капија во периодот 03.09.2019 до 02.03.2020 на магистралниот пат А1 делница Неготино – Гевгелија, наплатна станица Демир Капија, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениото за времен режим на сообраќај бр.11-уп-128/4 од 03.09.2019 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија.
Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Од 19.06.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци. Виадукт трејд од 22.05.2019 г. изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.
Г. П. Илинден – Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај. Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности. Штрабаг врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.
Информации за движење низ ЈАСЕН
Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:
Скопје кон Македонски Брод 07:30 – 08:30 часот и 14:30 – 15:30 часот
Македонски Брод кон Скопје 06:00 – 07:00 часот и 16:00 – 17:00 часот