Ѕвездите на Реал не сакаат Мурињо да се врати на „Бернабеу”

Враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид на крајот веројатно нема да се случи, тврди шпанското издание „АС”.

Неодамна, Португалецот е силно поврзан со тренерското место во клубот, кое многу наскоро може да биде испразнето. Се шпекулира дека Флорентино Перез дури и започнал преговори со него, иако неофицијално, а се чини дека деновите на Зинедин Зидан се изброени.

Причината зошто Специјалниот нема да го преземе мадридскиот тим е затоа што од соблекувалната не сакаат ниту да слушнат за него.

Челниците на тимот се силно против Мурињо да влезе во тимот и тоа во секој случај ќе го натера Флорентино Перез да побара друга опција, доколку е потребно.

Во Шпанија се вели дека при негативен резултат против Галатасарај, Зидан денеска ќе биде отпуштен од работа.

Треба да знаете
Последни објави