Бектеши: Владата забрзано ќе работи на реализација на проектите, изборите може да влијаат на економијата

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека предвремените избори ќе влијаат на економијата, но најавува дека Влада ќе почне активно да работи на забрзување на реализацијата на проектите.

-Северна Македонија се покажа дека речиси ги исполнила сите услови на ЕК и дека  во економијата имавме големо унапредување и очекуваме така да продолжи. И ММФ предвиде поголем раст, предвремените избори секако ќе имаат влијание, имајќи го предвид и изборниот закон во текот на кампања, но како сериозна Влада од следната недела, односно од денеска ќе ги забрзаме сите постапки за да не бидат оставени нереализирани проектите, изјави Бектеши.

Треба да знаете
Последни објави