Силно невреме, проследено со поројни дождови предизвика поплави во повеќе области во северозападниот дел на Италија. Врнежите во последните 24 часа поплавија големи површини во централниот дел на Милано, а локалните власти предупредија дека би можело да дојде до излевање на реката Севесо. Повеќето патишта се затворени за сообраќај поради поплави или откорнати дрвја. Невремето ја зафати и Џенова со брзина на ветрот од околу 120 километри на час.