Во врска со бегството на Груевски, Заев истакна дека тој во моментот кога избегал бил слободен човек. Тој изјави дека ќе преземел чекори ако имало одговорност за бегството на поранешниот премиер и е вели дека тогаш немал докази дека некој му помогнал.
„Човек што е слободен, во секоја земја може да ја напушти државата. Тогаш се истражува, не сега. Човекот фатил границата кон Албанија и во тој момент бил слободен. Јас сум првиот што сака Груевски да си ја одлежи казната за пример дека има казна.“ – рече Заев.