Заев очекува економска година, оптимист е за раст над 4 отсто

Премиерот Зоран Заев очекува годинав да биде економска. Неговите очекувања се дека растот ќе биде најмалку според проекцијата, а оптимист е дека ќе достигне и над четири отсто.

– Верувам дека оваа година ќе заврши како навистина економска година и дека и наредната година ќе продолжи да биде економска година заради тоа што 2020 и така е изборна година и во 20 дена треба да се случи таа кампања и изборите. Во консултации со коморите, со кои можев да исконтактирам, ако бираат од 12-те месеци во годината, април е најсоодветен месец за избори во изборна година. Очекувам дека растот оваа година ќе го постигнеме најмалку оној што го имаме проектирано и оптимист сум дека може и над четири отсто согласно трендовите во моментов. Следната година проектиравме да растеме од она што го постигнавме досега и секако ако остане мотивацијата на вистинскиот пат, на правиот пат на ЕУ, ако се случи НАТО во првите месеци од годината, верувам дека таквиот тренд ќе продолжи да се движи, изјави премиерот одговорајќи на новинарски прашања пред Конференцијата на Светската царинска организација во Скопје.

На прашање за тоа дали ќе растат пензиите, рече дека се прават пресметки колку ќе растат, оти методологијата ќе биде позната до крајот на годината и дека намерата е тоа да биде правично.

-За пензиите се прават пресметките колку ќе растат. Се уште е рано, бидејќи една од најсуптилните активности во проекциите на буџетот е пензискиот фонд. Не може да ги гледаме само состојбите сега, туку  трендот на стабилност на буџетот. Буџетот е стабилен и тој генерира годишно 2-3 милијарди резервоар на пари што припаѓаат на пенизонерите. Методологиите ќе се објаснат до крајот на годината. Намерата е да биде правично покачување на пензиите, истакна премиерот.

Треба да знаете
Последни објави