Поранешниот американски претседател Џими Картер (95) беше хоспитализиран откако падна во неговиот дом во Џорџија и ја скрши карлицата, што е негов трет пад во последните месеци.
Портпаролот на Картер, Дајана Конгилео, ја опиша неговата повреда како полесна и додаде дека Картер се чувствува добро, пренесува АП.
Несреќата се случила во понеделникот вечерта, а како што се наведува, Картер прв пат паднал во рана пролет, кога морал да има операција на колкот, а втор пат паднал на почетокот од овој месец, кога добил 14 шевови, но сепак отпатувал на добротворен митинг во Нешвил.
Картер е најстариот поранешен претседател во историјата на САД, а тој и сопругата Розалин (92) се рекордери меѓу првите двојки со повеќе од 73 години брак.