Конте: Претерување е да го наречеме финале дуелот со Борусија Дортмунд

Тренерот на Интер, Антонио Конте е мирен пред утрешната битка со Борусија Дортмунд во групната фаза од ЛШ.

„Нероазурите” имаат само еден бод по првите две средби и ќе се обидат да се израмнат со „жолто-црните”.

– Претерување е да го наречеме финале натпреварот со Борусија Дортмунд. Тоа е секако важен натпревар против силна екипа, но останува само еден натпревар. Ни треба победа, финалето ќе дојде подоцна. Мора да бидеме внимателни против Борусија, бидејќи тие се многу брзи. Ние го знаеме ова, но мора да играме на свој начин. Јас нема да се сменам. Ова е моето разбирање за фудбалот, изјави тренерот на Интер.

Треба да знаете
Последни објави