Либанците ги отфрлија предложените реформи, продолжуваат со протести

Либанските демонстранти денеска поставија барикади на улиците на Бејрут со што го продолжија протестите, шести ден по ред. Тие ги отфрлија предложените реформи и инсистираат Владата да поднесе оставка.

Премиерот на Либан Саад Харири синоќа понуди пакет реформи, но демонстрантите ги отфрлија како „недоволни и нецелосни”. Реформите вклучуваат намалување за 50 отсто на платите на највисокорангираните функционери, ремонт на секторот на електрична енергија и намалување на бројот на владините институции.

Ова се најголемите протести во Либан во последните 15 години.

Треба да знаете
Последни објави