Лозановска: Филтрите на РЕК Битола уште една лага на Заев

Приказната за грижата за заштитата на животната средина и електростатските филтри во РЕК Битола, се распадна, како што буквално се распаднаа сите ветувања дадени од оваа власт за живот за сите, живот за Битола, обвинува Олга Лозановска советник во Советот на Општина Битола.

-И денес можеме барем да констатираме, добро е почитувани граѓани, што за волја на вистината, не по многу долго време, но по многу направена штета на сите нивоа, конечно оваа неспособна, криминална и лицемерна власт си оди, деновите и месеците се избројани и заминуваат таму каде што припаѓаат. Ние – ВМРО ДПМНЕ, сакаме во оваа прилика да Ве информираме дека оваа власт во заминување, распаѓајќи се по сите шавови, ништо не направи со толку најавуваните електростатски филтри во РЕК Битола, така што тие сега се само уште една незавршена работа од многуте, уште една лага и празно ветување на Заев и СДСМ, вели Лозановска.

Според неа, откако во неколку наврати и Зоран Заев и Радмила Шеќеринска идеа во Битола и лажеа и во текот на 2018 и во текот на оваа година и го посетуваа РЕК, дека за две недели започнува постапката, па дека е започната, па дека филтрите само што не се монтирани и така натаму во нивниот стил “зборот важи”, а всушност покажаа само дека немаат збор и не знаат што е тоа.

-Почитувани граѓани и натаму остануваме со проблемот на загадениот воздух, никакви активности и грижа не покажаа и не презедоа ниту централната ниту локалната власт и градоначалничката Петровска, јавната набавка за реконструкцијата на електростатските филтри е поништена. И на крајот, почитувани , на оваа веќе поразена и усрамена власт и останува повторно да се обиде со ваква или слична приказна, како оваа со филтрите да лаже и лицемерно да биде загрижена, само што овој пат тоа сигурно нема да им помине. Лицемерието, криминалот и неспособноста на крајот секогаш завршуваат со најголемата казна, а тоа е изгубената доверба кај граѓаните, рече Лозановска.

Треба да знаете
Последни објави