Македонските ракометари ја надиграа Турција

Ракометната репрезентација на Северна Македонија на првиот меч од ЕХФ-неделата на гостински терен кај Турција оствари победа со 23:26 (11:15)

Иако без најискусните ракометари и со подмладен состав, играчите на Данило Брестовац немаа поголеми проблеми со домаќините и водеа од првиот до последниот момент на дуелот.

Пешевски со 8 и Поповски со 6 беа најефикасни во „црвено-жолтиот” состав.

Македонските ракометари утре ќе играат уште еден меч против Италија. Во Скопје пак не очекуваат два натпревари со Грузија (25, 26 октомври) во СЦ „Борис Трајковски”.

Треба да знаете
Последни објави