Сè уште е во тек епидемија на мали сипаници, а досега вакцинирани 41.623 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, информираат од Министерството за здравство преку соопштение. Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 41.623. Од почетокот на епидемијата досега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.291 дози на вакцина, од нив повеќе од 60 проценти се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.
Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица.