Михајловиќ се врати во болница

Тренерот на италјанскиот фудбалски прволигаш Болоња, Синиша Михајловиќ повторно се врати во болница. Српскиот стратег е во клиниката „Сант Орсола“ каде ќе го прими третиот циклус на хемотерапија, откако неколку месеци наназад веќе се бори со леукемија.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Михајловиќ со приватен автомобил е префлрен на клиниката каде ќе го продолжи лекувањето. Изминатиов викенд Михајловиќ ја предводеше екипата Болоња на гостувањето кај актуелниот шампион Јувентус во кој домаќинот победи со 2:1.

-Горд сум како го одигравте натпреварот против Јувентус, им рекол Михајловиќ на своите избраници по завршување на натпреварот.

Болоња е на 13. место во Серија А, додека Јувентус е лидер со 22 бода.

Треба да знаете
Последни објави