Општините во земјава имаат на располагање еден милион евра за изработка на техничка документација за проекти, ова денеска во Штип на градоначалниците од неколку регион во земјава им го соопшти заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлевски.
Средствата се обезбедени преку проектот на УНДП со поддршка од шведската Влада. Павлевски забележа дека токму недостатокот на техничка документација е главниот проблем, посебно на малите општини за да може тие да конкурираат за квалитетни проекти. Дел од општините оние со послаб капацитет и финансиски и она што значи човечка сила имаат изработено навистина многу малку проекти и мислам дела ова ќе биде добра поддршка и стимулација да влезат и тие општини во една фаза на подготовка на проекти, вели Павлески.
Најави дека веќе се разгледува и во наредниот период да се отворат и други можности за поддршка на општините.
-Секако ова е една од можностите што се отвараат со помош на УНДП, а ние во контакт со останатите донатори ќе отвориме и други вакви можности во наредниот период, но сакам да посочам дека и самото Министерство преку Програмата за рамномерен регионален развој поддржува вакви проекти и средствата се зголемуваат од година во година. Пред две години тие средства беа околу пет милиони евра, минатата година седум со надеж дека за наредната година ќе бидат над осум милиони евра. Значи со сите можни средства се обидуваме да обезбедиме развој, но рамномерен за сите општини, вели Павлески.
Сања Бојаниќ, заменик на постојаниот претставник на УНДП во Република Северна Македонија вели дека ова е трета работилница со претставници на локалните власти. Смета дека општините имаат голема улога да ги обезбедат потребите на граѓаните и да ги преточат во квалитетни проекти, а оваа работилница и вакви фондови ќе им помогнат тоа да го направат, зошто без квалитетни проекти нема да може да обезбедат финансирање, а без тоа нема и релизација
-И затоа ние сакаме ова да биде една можност да се дојде до квалитетна техничка документација и низ целиот овој процес таа да се добие. Општините да се подготват за тие фондови што ќе бидат достапни понатаму, за да може да собираат податоци, да работат со експерти на квалитетни проекти и да ги раберат потребите на граѓаните, вели Бојаниќ.
Градоначалниците на помалите рурални општини што денеска беа присутни на работилницата истакнаа дека имаат идеи, а овие средства се во нивен прилог и на граѓаните за да се решат големи инфраструктурни проблеми