Полицијата попладнево го пронајде 28-годишниот Давид, за кој татко му Зоран Илиев, познат како Зоран Роџер тврдеше дека е исчезнат од изутринава. Како што дознаваме, тој бил пронајден во скопско Катланово, каде бил со пријател.
На социјалната мрежа Фејсбук попладнево се ширеше апел во кој се бараше помош од скопјани за да го пронајдат Давид.
Од полицијата велат дека и претходно имало пријави дека момчето го напуштило домот и заминало во непознат правец.