Мерино овцата Крис, позната по нејзиното неверојатно руно, најголемо на светот, починала во Австралија, пренесува „Би-би-си“.
Овцата го привлекла вниманието на светската јавност во 2015 година кога нејзините фотографии се појавиле на социјалните мрежи, тогаш таа имала „шестгодишно руно“.
Потоа ѝ ја отстраниле волната со што ѝ го спасиле животот, а кога ја измериле волната тежела 41,1 килограм, што станало светски рекорд.
Потврдено е дека Крис починала поради возраста, имала 10 години.