Руски мразокршач, со 33 членови на екипажот, повикал на помош за време на невреме во западниот брег на Норвешка, објави денеска норвешкиот спасувачки координативен центар.
Норвешката Служба за спасување изјавила дека на мразокршачот прво му откажал моторот, но потоа успеал да ја врати делумната способност за маневрирање, пренесува „Ројтерс“.
Како што се истакнува, сите членови на екипажот се добри, мразокршачот не е во опасност и продолжил да плови по својата редовна рута, пренесува ТАСС.