Синдикатот на администрација и државна управа при Конфедерацијата на слободни синдикати предводен од Благоја Ралповски денеска остварил средба со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
На средбата, како што информираа од синдикатот, се разговарало за Предлог-измените во Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, како и за трансферот на вработените од јавен во приватен сектор.
Од синдикатот истакнале дека се подготвени да одговорат на сите предизвици во насока на зачувување на правата на вработените и истакнале дека не се согласуваат со трансферот од јавен во приватен сектор.
– За таа цел, министерот предложи решението предложено од синдикатот за учество на синдикатот во изработка на функционалната анализа да го стави уште на првата владина седница. Доставивме конкретни докази и факти против трансферот од јавен во приватен сектор, а министерот прифати предлогозите за предвремено пензионирање и внатрешна преквалификација да се стават на јавна дебата. Со овие предлози вработните би ги зацврстиле своите работни места, од една страна, а од друга страна ќе се направи правилна рационализација во делот на големината на администрацијата, како и нејзината стручност, со што сите ќе добијат и државата и граѓаните и вработените во јавниот сектор, се наведува во соопштението од синдикатот.
За останатите прашања, како што велат од Синдикатот, се очекува да се изработат конкретни предлози, за кои дополнително ќе се преговора.